HMD Global претстави нов иновативен додаток кој сигурно ќе им се допадне на сопствениците на смартфоните од брендот Nokia. Компанијата има развиено безжични слушалки со името Nokia True Wireless Earbuds кои исто така имаат водоотпорен слој. Имајте на ум дека рејтингот IPX4 овозможува да издржат капки вода и пот, а не да се нурнете со нив целосно во базен. Nokia True Wireless Earbuds можат да се поврзат со Вашиот мобилен уред преку Bluetooth 5.0.
Аудио слушалките имаат вграден микрофон, што овозможува не само да се забавувате со вашите омилени песни, но исто така да примате и остварувате повици. Според официјалните податоци, Nokia True Wireless Earbuds ќе понудат околу три и пол часа за слушање музика и 4.5 часа време за разговор, пријави AndroidHeadlines. Дополнителната торбичка за слушалките исто така може да ги полни, додека ги носите, а HMD Global ветуваат уште 12 часа.
Првите аудио-слушалки на компанијата ќе се продаваат само во елегантни црвени бои. Дополнително ќе знаеме која ќе биде цената на Nokia True Earbuds на европскиот континент. Продажбата најверојатно ќе започне навреме за сезоната на празници кон крајот на 2018 година.
https://www.youtube.com/watch?v=LZ9nlAiNjZA