Американскиот технолошки концерн Apple го стекнува Asaii – основан во август 2016 година стартап, кој создава алатки за анализа на музика за музички лејбели и менаџери на уметници, пренесува специјализираното издание Axios, повикувајќи се на запознаени извори. Договорот, кој се чини дека е потврден и од сметките на вработените во LinkedIn, се проценува на помалку од 100 милиони долари, соопшти извор за изданието.
Во социјалната мрежа за професионални контакти, Сони Такана, извршен директор и основач на Asaii, го променил веќе местото на вработувања во Apple, Apple Music.
Asaii може да помогне на Apple да се натпреварува со Spotify Technology SA во напорите за соработка со понепознати уметници. Според описот на својот сајт, Asaii користи машинско учење, за да го препознае следниот голем музички хит. Платформата повлекува податоци од социјалните мрежи, како Facebook, Twitter и Instagram, и услуги за стриминг музика, како Apple Music, Spotify, YouTube и SoundCloud за да открива скриени таленти.
Apple и Asaii не коментираа на темата.
Минатиот месец, компанијата од Купертино го заврши купувањето на апликацијата за препознавање на музика Shazam, која исто така се очекува да помогне за подобра конкуренција со Spotify, лидерот на пазарот за музички стриминг услуги. Apple го направи договорот во декември минатата година. Цената не беше објавена, иако се тврди дека е околу 400 милиони долари.
Поврзани артикли