Меѓународен тим астрономи откри титанска структура во раниот Универзум, настаната само две милијарди години по големата експлозија (big bang). Оваа прото-суперкластер галаксија, наречена Хиперион, е најголемата и најсилната структура која се уште се наоѓа во еден толку далечен простор и била создадена во едно толку далечно време, пишува Science Daily.
Научниците од Институтот за астрофизика од Болоња го користеле VIMOS инструментот на електронскиот Многу голем телескоп во Паранал, Чиле, за да ја идентификуваат оваа огромна галаксија.
Хиперион е најголемата и најсилна структура која се појавила толку рано за време на формирањето на Универзумот, со пресметана маса поголема за милион милијарди пати од онаа на Сонцето. Оваа огромна маса е слична на онаа на најголемите структури кои се забележани во Универзумот денес, но пронаоѓањето на еден таков голем објект во раниот Универзум ги изненадил астрономите.
“Ова е прв пат да се идентификува толку голема структура во толку високо црвено поместување, нешто повеќе од две милијарди години по големата експлозија“, рекла Олга Кучијати, еден од астрономите кои учествувале во проектот. “Беше изненадувачки да се види вако нешто, кое што се развило кога Универзумот бил релативно млад”.
Поврзани артикли