Според податоците објавени од страна на аналитичарот на авто-индустријата Матијас Шмит (schmidtmatthias.de), американскиот производител на луксузни електрични возила – Tesla, во првите девет месеци од 2018 година, продал вкупно 154.200 автомобили (model S, X, и 3).
Во истиот период од годината, Jaguar продал 136.000 возила (нуди околу 7 модели – еден од нив е I-Pace).
Откако веќе го остави зад себе британскиот производител, Tesla полека го фаќа чекорот со уште една добро позната меѓународна компанија која произведува модели со конвенционални мотори – германскиот Porsche.
Производителот од Штутгарт во периодот јануари-септември 2018 година, продал 196.000 автомобили, а Шмит проценува дека Tesla веќе во 2019 година ќе го стигне Porsche според испораката на возила во една година.
Тоа веќе и се случи оваа година и тоа во третиот квартал (јули-септември). Поточно, во овој квартал, продажбата на Tesla достигнала 83.500 единици, а Porsche испорачаl 66.000 автомобили, додека Jaguar само 41.900 возила.
За овој резултат, заслугите во најголема мера се засновани на продажбата на Model 3 , кој достигна 55.800 единици во овој.
Поврзани артикли