Најголемата светска онлајн платформа за видеосодржини YouTube синоќа беше недостапна за корисниците од САД, Европа и Јужна Америка. Корисниците алармираа дека немаат пристап до своите канали на мрежата и дека не можат да гледаат какви било видеа.
Платформата беше недостапна околу еден час. Од YouTube се огласија преку Twitter. Прво информираа дека се работи на отстранување на проблемот, без да се прецизира за што се работи, а по еден час напишаа дека проблемот е решен.
We're back! Thanks for all of your patience. If you continue to experience issues, please let us know. https://t.co/NVU5GP7Sy6
— TeamYouTube #StayHome (@TeamYouTube) October 17, 2018
Додека YouTube беше паднат, на местата на видеата се појавуваа празни прозорци, без никаква содржина.