Новиот аеродром во Истанбул нема да се отвори до крајот на годинава, изјави дирекорот на аеродромот, Кадри Самсунлу. Во почетокот беше планирано аеродромот, што има капацитет од 90 милиони патници годишно, да биде отворен на 29 Октомври, Денот на прогласувањето на Турската Република.
Меѓутоа, Самсунлу вели дека до тој датумот аеродромот само делумно ќе биде отворен.
,,Големата преселба на аеродромот Ататурк ќе се одложи за 31 декември”, вели Самсунлу. Изградбата на третиот истанбулски аеродром, кој воедно ќе биде и најголем на светот, почна летото во 2014 година.
Аеродромот се протега на површина од 76,5 милиони квадратни метри, а неговата изградба, според најавите, ќе чини 10,25 милијарди евра. Економските аналитичари сметаат дека кризата во којашто западна Турција во еден дел е резултат на големите инфраструктурни зафати што ги финасира државата, а поради кои владините финасии се најдоа во голем дефицит.
Поврзани артикли