Научниците на Техничкиот универзитет во Калифорнија се обидоа да ги фатат импулсите на ласерската светлина, но тоа се покажа невозможно. Решени да најдат начин за проблемот, тие создадоа потполно нов вид на камера која е способна да ја долови неверојатно брзата импулсна светлина со бавно движење. Резултатот е T-CUP – најбрзата камера во светот која може да направи 10 трилиони фрејма во секунда.
Т-CUP постави нов светски рекорд за брзина на снимање во реално време. Создадените слики покажуваат интензитет, облик и агол на рефракција на ласерскиот импулс. Камерата, која е веќе врв во технологија, може дури и повеќе. Научниците веруваат дека е можно да се зголеми брзината до квадрилион фрејмови во секунда.
Поврзани артикли