Податоците на речиси 30 милиони кориснички профили се украдени во најголемиот хакерски напад на Facebook во историјата на социјалната мрежа, потврди компанијата на Марк Цукерберг.
Од Facebook не го именуваа извршителот, но соопштија дека FBI „активно истражува кој е одговорен за нападот“ и дека било побарано од нив да не расправаат за тоа кој би можел да стои зад нападот.
Компанијата претходно објави дека податоците на околу 50 милиони корисници биле изложени поради безбедносна „дупка“ благодарение на која хакерите ги украле лозинките кои им овозможиле да пристапат во профилите.
Facebook изјави дека корисниците можат да проверат дали биле погодени од хакерскиот напад со посета на „Help Center“ на социјалната мрежа.
Исто така, компанијата објави дека директно ќе ги информира засегнатите корисници за да им објасни какви информации напаѓачите би можеле да имаат, заедно со чекорите што треба да се преземат за да се заштитат себеси од било какви сомнителни пораки, мејлови или повици.
Засега, идентитетот на хакерите останува непознат – Facebook работи со FBI, американската Федерална комисија за трговија, со Комисијата за заштита на податоците од Ирска и други органи, за да испита кој би можел да стои зад нападот и дали тие имале некоја специфична цел.
Поврзани артикли