Глувче се роди од две мајки и без татко, велат истражувачите на Кинеската академија на науките. Станува збор за значаен подвиг на генетски инженеринг, чија цел е да се прекршат правилата за репродукција.
Научниците велат дека bimaternal-животните (од две мајки) не само што преживеале туку напредувале бргу и тие самите подоцна имале свој подмладок.
Но, научниците велат дека имаат лоши вести на машкиот фронт. Истиот експеримент бил направен со двојни татковци, но нивните бебиња починале неколку дена откако биле родени.
Истражувачите се обидуваат да одговорат на фундаменталните прашања за тоа зошто имаме секс. Цицачите, вклучувајќи ги и луѓето, може да раѓаат бебиња само преку сексуална репродукција – за што е потребна јајце-клетка од мајка и сперма од татко.
Но, остатокот од природниот свет не игра според истите правила; некои женски риби – влечуги, водоземци и птици, може да родат сами. Добредојдовте во бизарниот свет на девствени раѓања познати официјално како партеногенеза.
Целта на кинеските истражувачи беше да утврдат кои правила на репродукција треба да се прекршат за да направат бебиња глувци од ист пол.
Тоа, од своја страна, помага да се разбере зошто правилата се толку важни.
„Тоа е интересно истражување… тие се обидуваат да откријат што ќе треба да направите за да нè претворите во мисирки“, вели професорот Робин Ловел-Баџ во Институтот „Францис Крик“. (Верувале или не, и вашата божикна вечера може да се репродуцира без да има секс).
Истражувачите зеле јајце-клетка од едно глувче и посебен вид клетка – хаплоидна ембрионална матична клетка – од друга. Двете содржеле само половина од потребните генетски инструкции или ДНК, но само нивното обединување не било доволно.
Истражувачите морале да користат технологија наречена уредување на генот за да избришат три групи генетски инструкции за да бидат компатибилни.
Но, пристапот со двојниот татко бил малку покомплициран. Потребна била сперма, машка хаплоидна ембрионална матична клетка и јајце-клетка, од која се отстранети сите генетски информации и бришење седум гени за да се направи сè.