Компанијата Facebook планира да воведе нови поставки кои ќе и овозможат на Groups опцијата да организира помали чатови кои би можеле да содржат и до 250 членови. Исто така, групите ќе можат да започнат аудио и видео повици со максимум 50 членови.
Facebook заедницата најверојатно ќе ужива во оваа форма на директна комуникација. За оние кои лесно се вознемируваат кога се дел од вакви групи, Facebook воведува opt-in опција во чатот која треба да се подеси за да може да се гледаат сите новости. Исто така, компанијата нуди можност да се подесат поставките за известувања за да се спречат секакви звуци, или па да се добива известување само кога конкретниот член е споменат со @.