Истражувачи од Австралија, користејќи радиотелескоп, во минатата година откриле 20 мистриозни, силни бранови познати како “брза радиоексплозија“ – што е скоро двојно поголем број откако вакви сигнали првично беа забележани во 2007 година.
Тимот исто така ја воочил најблиската и најсјајната брза експлозија некогаш откриена, објавил часописот Nature во четвртокот.
“Користејќи нова технологија, докажавме дека брзите радиоексплозии доаѓаат од другата страна на универзумот, а не од нашето сопствено галактичко соседство“, изјавил водечкиот автор на истражувањето, Рајан Шенон од Технолошкиот универзитет во Свинбурн.
Експлозијата емитира исклучитечно високо ниво на енергија која доаѓа од вселената и трае само неколку милисекунди, пишува Daily Sabah.
Научниците не знаат што е точната причина за појавата на овие мистериозни радиобранови и не е потврдено од која галаксија доаѓаат, но велат дека е сигурно оти овие бранови вклучуваат неверојатна енергија, еквивалентна на количината која Сонцето ја емитира за 80 години.