Автомобилски несреќи, спортски повреди, па дури и премногу пишување и праќање на пораки може да ги повреди периферните нерви, оставајќи ги луѓето со вкочанетост, трнење и болки во дланките, рацете или нозете. Опоравувањето може да трае со месеци, а докторите можат да понудат многу малку за да го забрзаат овој процес, пишува Science Daily.
Сега, истражувачите при Медицинскиот факултет “Вашингтон“ во Универзитетот во Сент Луис развија имплантиран, биоразградлив уред кој обезбедува редовни импулси на електрична енергија за оштетените периферни нерви кај стаорците, помагајќи им на животните да ги повратат нервите во нозете, како и побрзо да ја повратат функцијата на нервите и мускулната сила. Уредот, кој има големина на паричка, има рок на траење од две недели, пред целосно да се апсорбира во телото.
Уредот е дело на доктор Џон Роџерс неговите колеги, и тој го обвива повредениот нерв и испорачува електрични импулси неколку дена пред безопасно да се разгради во телото. Уредот се напојува безжично од предавател кој се наоѓа надвор од телото, и функционира како полнач за мобилен телефон.
“Овие платформи ги претставуваат првите примери на тн системи за “биоелектронска медицина“, кои обезбедуваат активна, терапевтска функција во дозиран формат, а потоа природно исчезнуваат во телото и не оставаат никакви траги“, рекол Роџерс.
“Во овој случај, изградивме биорезорзибилни електронски уреди кои извршуваат уникатна функција релевантна за обновување на периферниот нерв, преку електрична стимулација на одбрани временски точки за време на процесот на заздравување“ додава Роџерс.
Поврзани артикли