НЛО истражувач забележал триаголен летечки објект над Мексико Сити (ВИДЕО)

Бизарна снимка на која се гледа триаголен облик на небото над Мексико Сити се појави на интернет.

Видеото, прикачено од страна на YouTube каналот ‘colourufo’, беше именувано како апсолутен доказ за постоење на вонземски живот, а тој што го снимил ова видео изјавил дека тоа прикажува неколку НЛО-а.

На снимката може да се види бела светлина која се движи од десно кон лево, па потоа забрзува и исчезнува.

Тој што го прикачил ова видео го повторува во забавено, и овој пат може да се забележи триаголната форма на светлината.

Видеото подоцна беше преземено и од НЛО истражувачот Скот Ц. Веринг кој напиша коментар на својот блог.

„Ова видео е направено од НЛО истражувач од Австралија кој следел камера во живо од Мексико Сити.“