Американската вселенска агенција NASA објави дека првиот лет на ракетата на SpaceX со двајца астронаути кон Меѓународната вселенска станица (ISS) ќе се случи во јуни, 2019 година.
Потоа, два месеца подоцна, до ISS треба да одлета и вселенското летало кое го конструираше Boeing.
Во календарот веќе дојде до повеќе одложувања, како што често е случај во подрачјето на вселенските истражувања. Датумите повторно би можеле да се променат како што се приближува рокот за лансирање, изјави Фил Мекалистер, директор на приватните летови на NASA.
„Тоа се нови летала, а тимовите на инженери имаат многу работа пред системите да бидат подготвени за лет“, изјави тој.
Овие два лета се сметаат за тестови: двајца астронаути од секое летало ќе поминат две недели на ISS, а потоа ќе се вратат на Земјата.
Пред тоа SpaceX ќе изврши тестирање без астронаути во февруари 2019 година, а Boeing во месец март.
Од 2011, NASA мораше да ги користи местата на руските Сојузи за да ги испрати своите астронаути на ISS.
Договорот со Русија истекува во ноември следната година.
Извор: Zimo.hr