На интернет се појавија компјутерски генерирани рендери на Moto G7, кој се очекува да биде претставен од Motorola на почетокот на следната година. Главната разлика во однос на актуелните модели од G-серијата е исечениот дел на екранот, кој кај новиот смартфон е оформен како водена капка. Актуелниот Moto G6 се уште е со класичниот екран без исечен дел и очигледно тоа ќе се промени.

Присуството на овој детал во Moto G7 сугерира дека речиси сигурно ќе го видиме и во останатите модели на Motorola во 2019 година. Меѓу другите карактеристики кои се забележуваат во сликите е и задниот панел од свиткано стакло по примерот на Moto X4 и Moto G6 Plus. Камерата е логично двојна и е надополнета со двоен LED блиц. Сензор за отпечатоци е исто така достапен. Интересно е дека Moto G7 ќе го задржи стандардниот 3.5 милиметарски џек, кој станува се поголема реткост во последниве години.

Според информациите, димензиите на уредот ќе бидат 157 x 75.3 x 8 мм, но ефективна дебелина кај зоната на камерата ќе биде 9,5 мм. Очекувањата за хардверските спецификации вклучуваат 6-инчен дисплеј со FHD + резолуција 8-јадрен процесор, 4 GB RAM и 64 GB меморија за апликации. Резолуцијата на главната камера ќе биде 16 + 5 мегапиксели, а за селфи, корисниците ќе располагаат со 12 мегапиксели сензор.