Германскиот премиум производител потврди дека моделот ќе биде преставен во 2021 година
Тоа ќе биде петтиот целосно електричен модел на баварската компанија, по веќе унапредениот i3, Mini Electric (2019), SUV моделот iX3 (2020) и iNEXT Concept (2021).
Директорот на BMW Харалд Кругер освен потврда не дава конкретни детали во врска со I4, но има големи очекувања со оглед на тоа што компанијата веќе има продадено 100.000 електрични возила оваа година.
Тоа значи дека по светските патишта моментално има повеќе од 300.000 електрични и plug-in хибридни возила што ги произведуваат BMW и Mini.
Што се однесува до перформансите на i4, за нив може да се шпекулира само врз основа на концептот Vision Dynamics, објавен минатата година во Франкфурт. Концептот од 0-100 km/h забрзува за четири секунди со максимална брзина од 200 km/h и автономија од 600 km помеѓу две полнења.
За споредба, електричниот i3 120 Ah има 42,2 kWh литиум-јонска батерија и електричен мотор кој развива 170 KS и 250 Nm, од место до 100 km/h за 7,3 секунди и достигнува максимална брзина од 150 km/h.
Но, што е најважно, i3 може да помине околу 360 km помеѓу две полнења, според стариот NEDC стандард.
Деталите за I4 сигурно уште некое време ќе бидат мистерија, но врз основа на развојната мапа на електричните автомобили на BMW, автомобилите од петта генерација ќе бидат достапни со три различни капацитети на батеријата – 60 kWh, 90 kWh и 120 kWh.