Во последниве денови се појавија информации дека Кина користела посебен микрочип за шпионирање на Apple и Amazon. Податоците откриваат дека ова се случило без знаење на двете компании, бидејќи во матичните плочи, кои ги користат нивните серверите, се ставени специјални микрочипови. Така, државните агенции во Кина можеле да шпионираат и да пристапат до информациите што се чуваат во нивните центри за податоци. Сето ова е можно со помош на Super Micro Computer Inc. кои се еден од најголемите светски производители на матични плочи.
Bloomberg ги повика двете компании да ја коментираат ситуацијата, при што Apple и Amazon категорично ги отфрлаат овие тврдења. Според нивната изјава, во последниве месеци тие постојано добивале извештаи за слични активности од хакери во Кина. Apple, на пример, тврди дека тие сериозно ги земале таквите информации и спровеле серија внатрешни истраги. Во ниту еден од овие случаи не пронашле ништо лошо, што ќе ги компромитира корисниците и информациите зачувани во нивните центри за податоци, објави The Verge.
Позицијата на Amazon е идентична. Компанијата исто така тврди дека нема докази дека биле жртви на таква шпионажа. Сигурно истрагите ќе продолжат сè додека не се утврди дали Кина навистина ги користи таквите методи за шпионирање на западните земји. Apple и Amazon изразија подготвеност да соработуваат со сите можни средства и заедно со властите да ја пронајдат вистинската причина за ситуацијата. Како заклучок, ќе забележиме дека режимот во Кина не ги коментирал информациите.
Поврзани артикли