Аукциската куќа RM Sothebys пред аукција процениле дека стара Lada Niva, која пред речиси три децении учествувала на релито Париз-Дакар, ќе достигне сума од 100.000 долари
На крајот се покажало дека прогнозата им била многу погрешна, со оглед на тоа што Niva-та се продала за 400.000 – но ако се смета во рубљи, или само 6.000 долари.
Примерокот од аукцијата е произведен во 1979 година и не е во добра состојба – за да се врати во неговата оригинална состојба треба да се направи сеопфатна реставрација на возилото, што дополнително ќе го чини купувачот.
Во споредба со стандардната верзија на рускиот теренец, примерокот од релито Париз-Дакар во 1981 година има поголем резервоар за гориво и засилена суспензија. Покрај тоа, вратите, хаубата и багажникот се направени од пластика.
Од сликите се гледа дека возилото е комплетно запустено и делумно ‘рѓосано, а некои делови и недостасуваат, како едно стоп светло, додека бојата е оригинална со сите налепници од трката.
Инаку, овој автомобил не го завршил познатото рели во 1981 година.
Поврзани артикли