Во наредните години, Peugeot и целата PSA група ќе се фокусираат на електрификација на гамата на модели.
Во интервју за австралискиот CarAdvice, шефицата на идни производи во Peugeot, Лорен Блашард, вели свртувањето на марката кон електрификацијата е логичен чекор, особено кога ќе се согледаат сите штетни последици за автомобилите кои користат дизел гориво. Демонизацијата на овој вид на гориво доведе до вештачки пад на побарувачката за такви возила во Европа, која традиционално е најголемиот пазар во светот за дизел модели.
„Процентот на нашите автомобили продадени во Европа, а кои користат дизел, некогаш изнесуваше околу 50%, за оваа година да биде помалку од 36%, што за нас е алармантен пад“, вели Blašard.
„Се разбира, ние ќе продолжиме да нудиме дизел мотори, но повеќе нема да инвестираме во нив. Следната логична дестинација се plug-in хибридите и целосно електричните автомобили“.
Од друга страна, извршниот директор на Peugeot, Жан-Филип Импарато, се надева дека одлуката за тоа каков вид на погонска единица сакаат, ќе ја носат купувачите, а не владини или други тела.
„На крајот, важно е она што клиентот го сака. Не можете само да го отпишете дизелот. Лесните комерцијални возила мора да користат такво гориво. За нас, Африка е многу важен пазар, а таму дизелот е многу баран“, вели Импарато.
Освен тоа, првиот човек на францускиот бренд верува дека електричните автомобили треба да бидат мали, урбани модели, каде што нивните предности најмногу ќе дојдат до израз.
Поврзани артикли