Јапонската технолошка компанија Нинтендо следната година планира да лансира нова верзија на својата конзола Switch, за да се задржи моментумот, кој го обзбеди со продажбата на уредот, објави The Wall Street Journal.
Продажбата на Switch, која беше претставена во март 2017 година, се уште е голема, но веќе не носи големи профити како во првата година од промоцијата на уредот на пазарот.
Ажурирање на Switch сугерира дека компанијата дејствува брзо за да осигури дека нејзиниот уред нема да ја изгуби својата конкурентност. Nintendo се уште дебатира за тоа што ќе вклучуваат новите хардверски и софтверски функции и како тоа ќе влијае на цената.
Една од опциите е да се подобри екранот. Тековниот Switch користи LCD екран од ниска класа, без одредени технологии, кои се стандардни за последните LCD дисплеи на паметни телефони.
Подобрувањето на дисплејот со овие технологии ќе го направи полесен, потенок и енергетски поефикасен. Сепак, уредот не се очекува да пристигне со OLED панел, кој се користи во серијата на Apple iPhone X.
Nintendo планира да ја пушти новата конзола во продажба во втората половина од 2019 година.