Литванците наскоро ќе мора да платат казна доколку полицијата ги фати како користат мобилен телефон додека преминуваат улица откако земјата усвои нов закон со цел намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи.
„Пешаците повеќе нема да смеат да користат мобилен телефон кога преминуваат улица“, изјави литванскиот министер за сообраќај, Рокас Масиулис.
Тој информира дека казната за прекршување на законот е 40 евра.
Минатата година градот Хонолулу на Хаваите усвои сличен закон, но во поблага форма. Пешаците во тој град може да зборуваат на мобилен телефон додека преминуваат улица, но не смеат да пишуваат пораки.
Литванија е трета земја во Европската Унија по стапката на смртност во сообраќајни несреќи, по Романија и Летонија.