Посетителите на Нов Зеланд би можеле да бидат казнети со 3 243 долари доколку одбијат да ги дадат своите лозинки од електронските уреди и не им дозволат на цариниците да ги проверат.
Според новиот закон, кој стапи на сила на 1 октомври, како дел од унапредувањето на царинското законодавство, овозможено им е на царинските службеници и да копираат податоци пронајдени во уредите што се проверуваат, пренесе АП.