Денеска на официјалното отворање на Интернационалниот саем за автомобили во Париз „Пежо“ се претстави со три светски премиери.
Заедно со новото „пежо 508 SW“, на сечие задоволство е претставен и целосно електричниот, автономниот концепт „пежо e-леџенд“.
„Пежо“ исто така ги открива своите нови хибридни модели со целосно нови бензински мотори и технологии за подобрување на задоволството при возење.
Штандот на „Пежо“ опфаќа повеќе од 2000м². Неговиот елегантен и модерен дизајн има за цел да ѝ понуди на јавноста беспрекорно и пријатно искуство базирано на актуелните трендови на брендот, што дополнително ја зголеми оваа година со:
-Монументален ЛАВ, нов амбасадор на брендот
-Новото „пежо 508 SW“,
-„Пежо e-леџенд концепт“
-и новите мотори „пежо хибрид плаг-ин“
Новото „пежо 508“, радикална лимузина со спортска елеганција, е олицетворение на интензивни возни сензации и ги демонстрира амбициите на брендот во овој сегмент. Новиот „пежо рифтер“, пак, е робустен и извонреден, и претставува вистински избор за секојдневна авантура. „Пежо рифтер 4×4 концепт“ е уште посилен, креиран со погон на сите 4 тркала.
На овој штанд брендот „Пежо“ исто така ги претстави и своите SUV модели „пежо 2008“, „пежо 3008“ и „пежо 5008“ и неговите компактни „пежо 108“, „пежо 208“ и „пежо 308“, како и дел од гамата на „пежо спортt, „пежо 208 WRX“ од Себастијан Лоеб. Тројцата возачи на „пежо тотал тим“ќе бидат достапни за презентација на самиот штанд на 5 октомври.
Како дел од новитетите на „Пежо“:
Тимот на „Пежо дизајн лаб“ ќе изложува 8 безжични алатки развиени за Peugeot Outillage (кружна пила, жигана пила, буриња и др.). Исто така ќе се претстави и новиот Lifestyle елемент кој вклучува: Новата линија на кожени чанти и куфери на „пежо 508“ и GTi, LEGEND облека, мелници за сол и бибер, итн. Сите производи на Lifestyle се достапни во онлајн продавницата http://boutique.peugeot.com.
„Пежо“ исто така е единствениот производител кој нуди целосен опсег на мобилност: велосипеди, скутери, патнички и товарни возила. Оваа година, на потенцијалните клиенти ќе им бидат откриени и најновите вести на PEUGEOT Cycles и Peugeot Motocycles.
Ќе бидат претставени четирите нови електрични велосипеди. Три Powertube велосипеди (со вградени батерии: два велосипеда на Trek, eT01 FS (целосна суспензија) и eT01, како и eR02 велосипед. Исто така, ќе се прикажува и планинскиот велосипед Powertube eM02, кој е веќе во продажба. Предвидени се и „минати километри” движења на мобилност: електричниот eF01 велосипед и електричниот e-Kick скутер, кој беше развиен со MICRO.
Посетителите исто така можат да уживаат во дневната област, каде што ќе ги откријат сите услуги што ги нуди MYPEUGEOT.