YouTube е интернет замена за телевизијата, па затоа често и го користиме, но Google не дозволува на нашите мобилни телефони да гледаме видеа во позадина додека се вклучени други апликации. YouTube функционира како предна апликација, што значи не можете да го користите телефонот и да слушате на пример музика на „ЈуТјуб“ истовремено, освен ако немате YouTube Red..
Постои еден интересен начин на кој можете тоа да го промените. Андроид верзијата на апликацијата за пораки „Телеграм“ може да пушта YouTube видео линкови директно, без да треба да ве испрати на друга апликација. Забавата започнува кога го минимизирате „Телеграм“, па дури и кога го исклучувате екранот. Аудиото од YouTube содржината продолжува да се слуша. Со овој трик можете да си праќате пораки на себеси од она што сакате да го слушате и да го оставите да трае додека вие си вршите други активности на телефонот.
Некои телефони како „Самсунг Галакси Ноут 8“ и „ЛГ В30“, нудат мултитаскинг на екранот, кој дозволува да имате отворено YouTube прозорец заедно со некоја друга активности. Кај iPhone каде што трикот со „Телеграм“ не функционира, може да се користи трета опција за пребарувач како „Долфин“ за да се вклучи видео, а потоа да се излезе од апликацијата и да се повтори плејбекот преку iPhone Контролниот центар.Слично е и за корисниците на Андроид со Google Chrome пребарувач. Ако се префрлите на десктоп YouTube страницата во Chrome, ќе можете да започнете со пуштање на видео во пребарувачот, потоа да излезете од апликацијата и да го повторите плејбекот од одделот за известувања. Ништо не ве спречува да отворите нови јазичиња во пребарувачот и да продолжите да сурфате.
Неколку корисни совети, за Андроид корисниците:
1. Отворете www.youtube.com“ во пребарувачот Chrome“.
2. Во менито со три точки најгоре десно, проверете ја опцијата „Request desktop site“ .
3. Движете се до видеото кое сакате да го слушате и притиснете „плеј“.
4. Ако ви се појави предупредување дека YouTube сака да ви испрати известувања, прифатете го.
5. Излезете од Chrome апликацијата и ќе можете повторно да го пуштите плејбекот од менито со известувања.
За корисниците на „Ајфон“:
1. Симнете го пребарувачот „Делфин“ на вашиот уред.
2. Отворете го YouTube во „Делфин“
3. Најдете го видеото кое сакате да го слушате и притиснете „плеј“.
4. Излезете од апликацијата „Делфин“ и ќе можете повторно да го пуштите видеото од контролниот центар на iPhone.
Ако пребарате на Интернет можеби ќе пронајдете уште вакви корисни совети за да успеете во слушањето на YouTube видеа и воедно користејќи други апликации истовремено.