Астрономите од Универзитетот Колумбија, користејќи го вселенскиот телескоп Хабл, собраа огромни докази за постоење на месечина која орбитира околу гасна планета, оддалечена 8,000 светлосни години, пишува Science Daily.
Во трудот објавен на 3. октомври во списанието Science Advances, Алекс Тичи и Дејвид Кипинг објаснуваат дека откривањето на потенцијалната егзомесечина, односно месечина која орбитира околу планети во други ѕвездени системи, е невообичаено поради нејзината големина, која може да се спореди со дијаметарот на Нептун. Такви огромни месечини не постојат во нашиот Сончев систем, каде што има речиси 200 природни сателити.
“Ова ќе биде прв случај за откривање на месечина надвор од нашиот Сончев систем“, изјави Кипинг, асистент професор по астрономија во Колумбија. “Доколку ова се потврди со наодите на Хабл, откритието може да обезбеди важни индиции за развојот на планетарните системи, и може да предизвика експертите да ги преиспитаат своите теории околу тоа како Месечините се формираат околу планетите“.
Во потрагата по егзомесечини, истражувачите анализирале податоци од 284 планети кои биле откриени од страна на вселенската опсерваторија Кеплер.