Компанијата Amazon денеска објави дека ќе ја зголеми минималната плата за своите вработени на 15 долари за час, почнувајќи од наредниот месец.
Оваа измена ќе се однесува на 250 000 вработени во Amazon, како и на 100 000 сезонски работници, изјавија од компанијата. Оние вработени кои веќе заработуваат 15 долари за час, исто така, ќе добијат покачување.
Сопственикот на Amazon, Џеф Безос, неодамна беше критикуван поради ниските плати што им ги исплаќа на своите вработени. Досега, просечната минимална плата, која варира според локацијата, изнесуваше 13.50 американски долари за час.
Поврзани артикли