Јапонската вселенска агенција JAXA соопшти дека ќе слета уште еден робот на астероидот Ryugu. Сè уште не е потврдено дали роботот успешно слетал на површината, тоа ќе се знае подоцна во текот на денот.
Станува збор за роботот MASCOT, развиен од германски и француски вселенски агенции, со големина на микробранова печка. Опремен е со микроскоп кој треба да го анализира составот на минералите од површината на астеоридите, роботот ќе ги мери магнетните полиња и температурата.
Овие податоци би требало да им помогнат на научниците да откријат дали астеоридот содржи вода, што би било клучно за неговото потекло.
Двата помали роботи претходно беа пуштени на 21 септември и досега испратија фотографии со висока резолуција и видеа од површината на астероидот.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли