Nokia 7 Plus наскоро ќе се приклучи на малата група уреди кои не се од Google, а ќе го добијат новиот оперативен систем Android 9 Pie.
Директорот за производство на компанијата HMD Global, Јухо Сарвикас на својот Twitter профил го најави пристигнувањето на првиот паметен телефон на Nokiа со оперативниот систем Android 9 Pie.
Така Nokia 7 Plus ќе се придружи на малиот број уреди кои се надвор од Google, а го користат овој оперативен систем.
Nokia X7 (7.1 Plus) full specifications leaked through TENAA certification https://t.co/cwkVOOThIg pic.twitter.com/vFBzDIIzJX
— GIZMOCHINA (@gizmochina) September 29, 2018
А меѓу нив се Essential Phone уредите, потоа моделите на компанијата Motorola, како и OnePlus 6, кој користи модифицирана верзија на Android 9 Pie. Во оваа група, нормално, не спаѓаат и Google Pixel паметните телефони.
Android 9 Pie на корисниците им носи бројни функции и подобрувања. Меѓу нив се и адаптивната батерија, подобрената навигација и подобрениот систем за нотификации.
Nokia 7 Plus така ќе стане првиот смартфон, надвор од семејството Pixel уреди, кои ќе добијат Digital Wellbeing oпции. Toа подрабира своевидна контролна табла на која се забележуваат навиките на корисникот, како и приказ на времето кое корисникот го минува користејќи одредени апликации.
Everybody wants a piece of the Pie! We are starting roll out of Android™ 9 on #Nokia7Plus. Which of its delicious new features is your favorite? ? #Nokiamobile pic.twitter.com/whiZlZPLTP
— Juho Sarvikas (@sarvikas) September 28, 2018
Nokia 7 Plus припаѓа на средната класа на пристапни паметни телефони, па се очекува неговата цена да изнесува околу 400 долари. Според податоците на кинеската агенција за сертификација „TENAA“, телефонот има осумјадрен процесор со работен такт од 2.2GHz, како и најверојатно чипсетот Snapdragon 710.
Уредот доаѓа во комбинација со 4GB RAM и 64GB простор за складирање на податоците, односно 6GB RAM и 128GB интерна меморија. Зголемувањето на капацитетот е можен со помош на microSD картичка. Системот на камери на задната страна имаат сензори од 12 и 13 мегапиксели, додека предната селфи камера е од 20MP.
Според пишувањата на специјализираните медиуми, Nokia 7.1 Plus би требало официјално да биде претставена на 4. октомври.
Извор: B92.net
Поврзани артикли