Со цел и останатите да се забавуваат во октомври, компанијата Lenovo одлучи да го прикаже новиот флексибилен телефон.
Доколку чувствувате како веќе да сте ја слушнале оваа приказна, тоа е веројатно точно бидејќи Lenovo го најави ваквиот паметен телефон уште во 2016 година, но никогаш не го лансираше на пазарот.
Со тоа, оваа нова најава би можела да се сфати како “добра фора”, пишува Android Police.
Во видеото објавено на Weibo е прикажано како функционира овој телефон, односно како се превиткува. На телефонот можете да работите и пишувате дури и кога е свиткан отприлика 80 степени.
На објавата напишаа само “Се гледаме во октомври!”, но без наведување на одреден датум, па затоа многумина сметаат дека телефонот сепак нема да се појави оваа година на пазарот.
А еве како тоа изгледаше во 2016 година:
https://youtu.be/jlIv7FZw73Q
Извор: Klix.ba