Апликацијата пред една година ја лансираше експертката за врски и раскинувања Зое Фостер Блејк. Со Break-Up Boss сакаше да им стави крај на пијаните пораки и повици и општото чувство на горчина кое го чувствуваме после прекинот на врската.
„Пишувам за односите веќе десет години, а поголем дел од луѓето кои ми пишуваат само што раскинале или поминуваат низ прекин. Сепак, за таа тема не постои ништо едноставно и јасно, а мислев дека би требало да постои”, изјави Фостер Блејк.
Со помош на оваа апликација можете полесно да ги артикулирате чувствата и да пронајдете совети кои ќе ве расположат.
Доколку дојдете во ситуација во која сакате да му пратите порака на бившиот, тоа можете да го направите во апликација која ќе ве смири и ќе ви порача дека тоа не е она што моментно ви треба.
Апликацијата е достапна на Apple и Google Store за 7 долари.