Американската комисија за хартии од вредност (SEC) го обвини за измама, Извршниот директор на Tesla, Елон Маск.
Тој е обвинет за серија лажни и збунувачки твитови за потенцијална трансформација на Tesla во приватна компанија и повлекување на нејзините акции од берзата. По овие информации, акциите на Tesla паднаа 5,7 отсто.
Како резултат на ова обвинение, Маск нема да може да управува со компании што котираат на берзата, ниту пак Tesla, пренесува Interesting engenering.
На 7. август извршниот директор на Tesla на својот твитер-профил објави дека размислува да ги повлече сите акции на Tesla од берзата, со цел да ја скрие компанијата од очите на Волстрит.
Тој претстави план за откуп на акциите за цена од 420 долари од акција тврдејќи дека финансирањето е осигурано. Неколку дена подоцна Маск рече дека за финансирање разговарал со саудиски фонд, кој наводно потоа му го свртел грбот и одлучил да инвестира во конкурентската компанија „Луцид моторс“.
Маск, сопственик на една петтина од акциите во компанијата, претходно се жалеше на негативната пропаганда на трговците што шпекулираат со пад на цените на акциите. Поради неговите изјави, цената на акциите на „Тесла“ скокна 11 отсто, па потоа повторно падна, а незадоволните инвеститори одлучија да поднесат обвинение, пренесува SEEbiz.
Американските компании може да објавуваат вакви планови преку социјалните медиуми, но исто така вообичаено е за нив да ги известат и регулаторите и акционерите.