Нова верзија на смартфонот Oppo Find X со 10 GB RAM се појави во Кина.
Кинеското регулаторно тело TENAA издаде сертификат за новата верзија на паметниот телефон Oppo Find X која пристигнува со 10 GB RAM, а тоа е воедно и прв смартфон со толкава голема количина на RAM memorija. Тоа би требало да биде прв таков паметен телефон на пазарот, доколку не го престигне некој од ривалите. Постои можност тоа да биде компанијата Vivo за која се шпекулира дека исто така развива смартфон со 10 GB RAM.
OPPO Find X adds a 10GB RAM version, which will be the world's first 10GB RAM Smartphone. pic.twitter.com/ULdntw6X95
— Ice universe (@UniverseIce) September 27, 2018
Познато е и дека новата верзија на Oppo Find X има интерна меморија од 256 GB. Се уште не е познато кога ќе се појави на пазарот и колку ќе чини.