Цената на iPhone XS Max се движи од 1,099 долари за основната верзија, преку 1,249 долари за верзијата со 256 GB интерна меморија и до 1,449 долари за верзијата со 512 GB интерна меморија.
Според „TechInsights”, цената на компонентите за еден од овие уреди чини 443 долари, што е за околу 50 долари повеќе во однос на цената на компонентите потребни за изработка на минатогодишниот iPhone X.
OLED панелот од екранот е најскапата компонента веќе втора година по ред. Екранот на iPhone XS Max го произведува корејскиот конкурент Самсунг и можеме само да нагаѓаме колку оваа компанија заработува од испораката на екрани на Apple.
Цената на екраните инаку пораснала за 5% затоа што екранот е сега поголем, односно затоа што, во однос на минатогодишниот iPhone X кој имаше екран со дијагонала од 5,8 инчи, овогодинешниот iPhone XS Max има екран со големина од 6,3 инчи.
Втората најскапа компонента е процесорот на телефонот, чија што цена оваа година пораснала од 66 долари за iPhone X, на 72 долари за iPhone XS Max, што е поскапување за 10%.
Треба да се напомене дека кога станува збор за производството на iPhone XS Max, кај сите компоненти има благ пораст на цената. Од “TechSight” напоменуваат дека вкупната цена на компонентите на iPhone XS Max изнесува 443 долари, но во неа не се вклучени другите трошоци како што е софтверот, логистиката, како и маркетингот кој има задача да ги натера луѓето да потрошат над илјада долари за да купат нов телефон.