Според она што го донесуваат тестовите и анализите на DisplayMate, Apple ја симна круната од Samsung Galaxy Note 9 и ја освои титулата “Најдобар екран” за својот iPhone XS Max модел.
Сеопфатната анализа на DisplayMate, напишана од претседателот на компанијата Др. Рејмонд Сонеира, за екранот на XS Max открива неколку подобрувања на панелот во однос на минатогодишниот iPhone X, поставувајќи нови стандарди и соборувајќи ги постоечките рекорди во оваа област.
Осветленоста на екранот на iPhone XS порасна од минатогодишните 634 нита на 660, за sRGB и DCI-P3 колор гамут. Исто така, екранот рефлектира само 4,7 проценти светлина, што е една од најниските стапки забележани за паметни телефони. Спојот на овие два резултати го чини овој екран најчитлив на дневна светлина. Ова, заедно со најдобриот забележан контраст во случаите со низок степен на осветлување, овозможуваат многу добра видливост на најголемиот и најскап смартфон на Apple.
“Врз основа на мерките и тестовите, iPhone XS Max го доби Best Smartphone Display Award, при што заработи и највисока оценка досега (A+), остварувајќи значително подобри перформанси на дисплејот во однос на другите конкурентски паметни телефони”, се истакнува во објаснувањето на DisplayMate.
Извор: DisplayMate