По само три години постоење, Google ја укина специјалната програма наменета за гејмерите – YouTube Gaming.
Укинати се и апликацијата и самата интернет-страница, кои играа улога во стримингот на видео игри, што веројатно звучи многу разочарувачки, но програмерите од згаснатиот проект, сепак, извлекоа неколку пораки.
Така, стримингот сега е дел од нормалниот YouTube. Во текот на периодот пред укинувањето, платформата доста напредуваше и сега поседува голем број новини и функции кои се пренесени на малку поразлична адреса: youtube.com/gaming.
Сите членови на YouTube заедницата сега имаат можност да испробаат нови нешта.
Извор: B92.net