Коосновачите на гигантот Instagram, Кевин Систром и Мајк Кригер, ја напуштија компанијата, која е во сопствеништво на компанијата Facebook, објави Би-Би-Си.
Главниот извршен директор, Систром рече дека заминува за повторно да ја истражува љубопитноста и креативноста.
“Ние сме подготвени за нашето следно поглавје. Изградбата на нови работи бара да се повлечеме, да разбереме што нè инспирира и да одговара на тоа со она што му е потребно на светот, тоа е она што планираме да го направиме”, изјави Систром.
https://twitter.com/mikeyk/status/1044471743178465281?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1044471743178465281&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%2587%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d0%25bd%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bc-%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bf%25d1%2583%2F
Сопственикот на Facebook, Марк Цукерберг во пишана изјава вели дека Instagram е комбинација од кративните таленти на коосновачите.
„Научив многу работејќи заедно со нив изминатите шест години и навистина уживав. Едвај чекам да видам што ќе направат следно“ истакна Цукерберг.
Instagram беше преземен од Facebook во 2012 година за 1 милијарда долари во готово и акции, а има повеќе од една милијарда корисници.
Се појавија информации дека постојат тензии меѓу двајцата коосновачин на Instagram и Facebook, а нивното заминување е само дополнување на она што беше вознемирувачка година за матичната компанија, анализираат светските медиуми.
Извршниот директор Систром (34) и главниот технички службеник Кригер (32), го започнаа сајтот за споделување на фотографии во 2010 година и продолжија да ја извршуваат услугата откако нивната компанија беше купена од Facebook.