Според информации на сајтот Cheddar, оваа недела Facebook конечно ќе го претстави својот уред за видео-разговори што очекуваме да се појави на пазарот со трговското име Portal. Изворите на весникот наведуваат дека уредот ќе се нуди во две големини на екранот и ќе работи како Amazon Echo Show. Поголемиот уред може да биде со цена од околу 400 долари, а помалиот ќе чини околу 300 долари.
Звучниците Portal требаше да бидат претставени порано, но презентацијата беше одложена за да се отстранат евентуални приговори врзани за приватноста на корисниците, поради што беше создадена и посебна опција за физичко покривање на камерите интегрирани во звучникот секогаш кога нема да се користи. ortal ќе користи вештачка интелигенција за да препознае лицата во кадрите и ги следи додека тие се движат низ просторијата.
Уредот ќе вклучува интеграција со гласовниот асистент Amazon Alexa и ќе обезбеди пристап до музика, видео, вести, рецепти и други информации. Ова ќе биде првиот обид на Facebook да продава сопствен хардвер, ако се исклучат очилата за виртуелната реалност Oculus.