Руската ракетно-вселенска корпорација „Енергија“ ѝ конкурира на американската компанија SpaceX на Елон Маск во праќањето на првиот турист на Месечината.
„Енергија“ веќе долго време го развива проектот за обиколка на Месечината на вселенскиот брод „Сојуз“, што вклучува и нудење услуги на приватни вселенски туристи.
„Меѓутоа, сега цената на картата малку е зголемена поради ревизијата на економските барања за проектот и ќе изнесува 150 до 180 милиони долари“, рече анонимен извор од ракетно-вселенската индистрија.
Тој потсетува дека првично, токму „Енергија“ и американскиот оператор „Space Adventures“ излегоа на комерцијалниот пазар и понудија воведување на туристички лет околу Месечината. Трошоците за едно до две места (третото е предвидено за командантот на бродот кој е професионален космонаут) изнесуваа 150 милиони долари. Подоцна, поради недоволна заинтересираност, цените паднаа на 120 милиони долари.
Соговорникот вели дека се зголемиле трошоците за карти за на Месечината, како и за лет во орбитата.
Се претпоставува дека за лансирањето ќе се користи ракетата „Сојуз 2“ што ќе полета од космодромот Бајконур со бродот „Сојуз МС“.
Експедицијата се очекува да трае околу една недела. Вселенскиот брод ќе ја обиколи Месечината на неколку стотини километри од нејзината површина.
Извор: B92.net