HMD Global, кој е сопственик на брендот Nokia е заинтересиран за можноста да претстави таков уред.
Гејмерските смартфони се еден од водечките трендови во мобилната индустрија од почетокот на годината. Се очекува интересот за овие уреди да остане силен и во 2019 година. Сето ова ќе доведе до различни модели на водечки компании, кои вообичаено ќе ја заострат конкуренцијата во овој пазарен сегмент.
Новите податоци покажуваат дека HMD Global, кој е сопственик на брендот Nokia, исто така е заинтересиран за можноста да претстави таков уред.
Компанијата објави тизер слика на која ја гледаме силуетата на паметен телефон кој е придружен со слоганот „Are You Ready To #GameOn?“. Засега има малку индикации за планови HMD Global да претстави уред кој е оптимизиран специјално за игри. Треба да забележиме дека фотографијата е дистрибуирана од социјалните профили на Nokia на Твитер. За жал, во моментов немаме никакви детали за името и техничките спецификации на претстојниот гејмерски паметен телефон.
Секако дека ќе биде доста интересно да се погледне како Nokia ќе се обиде да го диференцира претстојниот уред од другите паметни телефони кои се оптимизирани за игри. Во секој случај, сепак, можеме да кажеме дека ова е сегмент кој веќе ужива голема популарност кај куупувачите. Во минатото, Nokia отсекогаш имаше цврсто присуство кај гејмерските уреди и повторно ќе се обиде да ја искористи оваа ниша како солиден извор на приходи.
Поврзани артикли