Францускиот производител на автомобили PSA Group побара од француската влада повторно да воведе стимулации за продажба на хибридни возила, претставувајќи хибридни верзии на големи модели на автомобили во согласност со строгите европски регулативи за емисии на штетни гасови.
Производителите на автомобили бараат во што е можно пократок рок во понудата да ги вклучат електричните и хибридни модели со цел да ги испочитуваат европските ограничувања на емисиите на јаглерод диоксид и да избегнат високи казни.
„Бараме повторно да се воведат стимулации за хибридни возила“, рече Лоран Фабре, челник на француската групација ПСА задолжена за односи со владата.
„Пежо“, „Опел“ и „Ситроен“ се добро позиционирани за исполнување на европските стандарди, но нивната електрична програма вклучува само најмали модели на автомобили. Кога станува збор за поголеми модели, компанијата се соочува со поголем пазар и треба да постигне значително поголема продажба со цел потегот да биде профитабилен, па токму затоа се бара поддршка и од државните власти.