Xiaomi започна интересна промоција во врска со премиерата на новите модели на iPhone.

Кинеската компанија во својата држава објави три комплети на различни уреди кои се со иста цена како новите модели на компанијата од Купертино, па дури и се именувани по нив.

Во секој од пакетите, корисниците ќе најдат нов топ модел смартфон на Xiaomi (Xiaomi Mi 8, Mi 8 SE или Mi Mix 2S), актуелен лаптоп (Mi Notebook Air или Mi Notebook Pro), паметна нараквица MiBand 3 и Bluetooth слушалки.

Комплетите се со цена од 6.499, 8.699 и 9.599 јуани (810, 1.085 и 1.197 евра). За жал, атрактивната промоција во моментов е достапна само во Кина, но ние не би биле изненадени ако филијалите на Xiaomi на други пазари започнат слични иницијативи.