Од 24-ти до 28-ми септември 2018 година, по шести пат, Институтот за компјутерски технологии и инженерство при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) организира воведен курс за програмирање Code@FEIT 2018.
Курсот ќе го посетуваат идните, новозапишани студенти на ФЕИТ (без претходно програмерско искуство), постојните студенти на Факултетот и лица кои имаат желба да се запознаат со основите на програмирањето.
Сите учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето и за тоа како се дизајнираат алгоритми. Преку интерактивната настава, практично, ќе можат да преточуваат проблеми во алгоритми, односно потоа во програмски код.
Целта на курсот е да се покажат најновите пристапи кон програмирањето и да се мотивира младите лица да учат програмирање и да креираат софтверски апликации. Интерактивната настава ќе ја покрие наставниот и соработничиот кадар на Институтот за КТИ и кадар од Факултетската компјутерска лабораторија.
„Code@FEIT е особено успешна приказна, која шеста година по ред ќе ја организира Факултетот за електротехника и информациски технологии. Повеќе од четиристотини слу-шатели од различни профили, во изминатите години, токму преку овој курс, се запознаа со осно¬вите на програмирањето. Наставниот кадар на Институтот за КТИ при ФЕИТ со задоволство ќе про¬должи да го пренесува своето долгогодишно искуство и знаење на сите кои се заинте¬ре¬сирани да навлезат во тајните на програмирањето. Се надеваме на уште многу успешни настани“, вели вонредниот професор Марија Календар, раководител на Институтот за КТИ при ФЕИТ.