Научниците предупредуваат дека нѝ се заканува екстремна соларна бура како онаа во 1859 година, која би можела да ја “спржи” електричната мрежа и да ги уништи комуникациските системи ширум светот.
Тие наведуваат дека веќе не се работи ни за тоа дали нѝ се заканува вакво сценарио, туку кога. Тоа го предупредуваат научниците од Националната метеоролошка служба на Велика Британија. Тврдат дека екстремните временски неприлики веќе предизвикале огромна штета, па така геомагнетската бура оставила шест милиони луѓе без електрична енергија во 1989 година, а астронаутитите на “Аполо” успеале да го избегнат вселенското зрачење.
Соларните бури, односно огромните количини на радиоактивни честички на Сонцето, претставуваат огромна закана за бројните инфраструктурни системи, а токму тие се во фокусот на новата европска вселенска мисија и леталото “Solar Orbiter” кое ќе му се доближи на Сонцето. Сателитот моментално е во рацете на британските научници кои ги прават последните проверки, пред да го испратат леталото во Германија каде ќе го тестираат во наредната година. Планот е леталото да биде лансирано кон Сонцето во 2020 година.
Овој “Solar Orbiter” би требало да направи детална анализа на Сонцето и внатрешната хелиосфера, со цел научниците подобро да го разберат и да го сфатат однесувањето на нашата ѕвезда.
Кетрин Барнет од Националниот метеоролошки сервис на Велика Британија вели дека овој сателит ќе помогне во подготвувањето за следните соларни бури.
Најголемата соларна бура досега, наречена Карингтон, го “исфрлила” од погон телеграфскиот систем во САД и предизвикала пожари во многу канцеларии. Доколку се повтори таквата бура, би можело целосно да исчезне глобалната технолошка инфраструктура. Барнет додала дека ваквите големи соларни феномени се случуваат еднаш во 100 или 200 години и дека е само прашање на време кога ќе се случи следната, а не дали воопшто ќе се случи.
Извор: B92.net