Една непромислена објава на социјалните мрежи Илон Маск може да го чини милијарди долари.
Акциите на главната компанија на Маск, автопроизводителот Tesla, веќе паднаа за 7 отсто откако Блумберг објави дека американското Министерство за правда почна истрага за неговиот твит во кој објави дека може да го тргне „Тесла“ од берзата поради финансиските проблеми со кои се соочил.
Но, Tesla загуби речиси една третина од својата вредност – околу 18 милијарди пазарна капитализација од објавувањето на веќе озлогласениот твит.
Am considering taking Tesla private at $420. Funding secured.
— Elon Musk (@elonmusk) August 7, 2018
„Размислувам да ја направам Tesla приватна за 420 долари од акција. Финансирањето е осигурано”, напиша Маск во твит на почетокот на овој месец.
А сојузните истражувачи поради таа најава сега ја истражуваат можната измама од страна на Маск, според анонимни извори кои му го открија тоа на Блумберг, имајќи предвид дека твитот ја зголеми вредноста на акциите на Tesla за 11%, а тврдењето на Маск дека „средствата се обезбедени” може да го доведе инвеститорот во заблуда.
Поврзани артикли