Почетокот на новата учебна година за многу родители значи почеток на маките. На училиште децата учат многу информации кои тешко ги разбираат, па затоа е добредојдена секоја помош.
Ги издвоивме најдобрите апликации со чија помош учениците ќе покажат одлични резултати во училиштето.
Периодичен систем на елементи
Одлично дизајниран, едноставен за користење со сите основни информации за елементите и дополнителни можности за следење на тоа како реагираат под различни услови, апликацијата за Периодниот систем на елементите, „Royal Chemistry Society“, е одлично визуелно помагало при учење на основите на хемијата.
Google Classroom
Оваа апликација спојува повеќе услуги на Google за да создадете платформа за подобра организација, спојувајќи ги Gmail, Drive, Slides и другите алатки за учениците да можат да се организираат, да соработуваат од дома и да разменуваат информации и задачи.
DragonBox
Апликација за математика, наменета за оние што само што се сретнале со неа. Апликацијата нуди едноставни математички задачи, концепти, решенија низ игра и поттикнува долгорочно помнење и интерес за предметот кај децата.
ОneNote
Овој дигитален нотес е одличен организатор на белешки, скрипти, мултимедија и рачни забелешки, па и цртежи.
Pocket Code
Апликација за оние што сфаќаат дека иднината е во програмските јазици. Pocket Code на едноставен визуелен начин претставува детски концепти на кодирање и ги учи основите на создавање кодови преку интеракција на ликовите и предметите.
Duolingo
За оние што сакаат активно и едноставно да учат јазици, Duolingo е една од најпопуларните апликации.
Kindle
Најпопуларната апликација за читање е неизоставен дел од секој паметен телефон.
Focus Booster
За ученикот да биде успешен на училиште, најважни се концентрацијата и времето. Една од најпопуларните техники на учење е Pomodoro. Станува збор за циклуси од 25 минути, а потоа се прави кратка пауза, додека по четири циклуси се прави една подолга. Апликацијата Focus Booster ви нуди разни можности за приспособување за да останете фокусирани.
Извор: Tportal.hr