Nokia затвори стотици работни места

Производителот „Нокиа“ затвори 250 работни места во погон во Напервил, САД.

Се очекува компанијата да затвори уште 250 работни места, пишува „Ројтерс“. Од „Нокиа“ ја потврдиле информацијата за гасењето на работните места во рамки на глобалниот план на компанијата за намалување на трошоците, но не го соопштиле точниот број.

Се очекува „Нокиа“ да оствари годишна заштеда од 1,2 милијарди евра до крајот на годината, по аквизицијата на својот поранешен француско-американски ривал „Алкател-Луцента“ во 2016 година.

„Во рамки на програмата за штедење го намаливме бројот на вработени во Илиноис. Податоците за обемот на намалувањето и за сегашниот број на вработени во Илионис не  се за објава“, рекле од компанијата.

„Нокиа“ на крајот на минатата година имаше околу 103 илјади вработени.