Apple истражува што е толку кобно во HTML кодот за да може да ги сруши сите уреди кои го користат iOS.
Програмерот и експерт за безбедност, Сабри Хадуше објави на GitHub и својот профил на социјалната мрежа Twitter дел од кодот кој што доколку се вгради во линк и биде отворен, најпрвин го блокира, а потоа и го рестартира секој уред на Apple.
Кодот ја користи слабоста на WebKit, кој што Apple го вградува во сите апликации и интернет прелистувачите кои што функционираат на iOS. Така, секоја апликација која што може да користи HTML код е всушност ранлива.
Со оглед на тоа што станува збор за код кој сам по себе не е штетен, туку ја искористува слабоста на системот, можно е да се вгради во било кој линк на социјалните мрежи или да биде испратен по мејл и да предизвика хаос за корисниците на iOS.
Програмерите кои што го тестирале кодот, откриле дека влијае на сите верзии на iOS (дури и на iOS 12 beta), но и на уште некои системи. Така и корисниците на Internet Explorer пријавиле проблеми, но и некои корисници на Linux Ubuntu.
Програмерот Хадуше го контактираше Apple, од каде што потврдија дека инжинерите во компанијата го истражуваат проблемот. Додека не биде исправен овој пропуст, на корисниците на уредите на Apple им се препорачува да внимаваат на кои линкови кликнуваат.
Извор: Zimo.hr