Автоматизираните скрипти ви заштедуваат време и го подобруваат работниот тек во креативните полиња. Adobe продуктите, како Photoshop, нудат скрипти наречени акции, кои го автоматизираат процесот со кликнување на едно копче. Постојат посебни вебсајтови за Photoshop акции но многу од нив се концентрираат само на фотографии.
За вас собрав неколку акции кои се наменети директно за дизајнери на кориснички интерфејс, дизајнери на икони, и продукт дизајнери кои креираат интерфејс за веб и мобилен. Сите овие акции можете да ги превземете бесплатно за повеќе употреби. Проверете ги деталите пред да ги превземете, за да бидете сигурни дека ќе се извршуваат на вашата верзија на Photoshop.
iOS 7 Blur
Почнувајќи со iOS 7, тимот за дизајн на Apple го воведе ефектот на замаглување познат како milky-glass ефект на замаглување. Истиот може да се направи и во Photoshop, но бара поголема манипулација со слоеви.
Дизајнерот Мат Смит ги креирал iOS 7 акците за замаглување за да го добие тој ефект на секој најгорен слој. Ако не можете да ги извршувате акциите на вашата апликација, превземете ја и пропратната PSD датотека која веќе го има на себе нанесено слојот на замаглено стакло.
Bjango Actions
Bjango е креативно студио за креирање на апликации и open source проекти за дизајнери. Сајтот објавува корисни текстови за PS корисници и нуди GitHub архива на акции кои може да ги превземете бесплатно. Овие акции вклучуваат различни работи за градење на дизајни во Photoshop.
Листата има вклучување и исклучување на пиксел снап, автоматско дуплирање на канвасот, центрирање во селекција, па дури и исечување на снимка од екранот во големина на Dribbble. Bjango колекцијата со акции во моментов е во v4 со неколку акции, скрипти и OS X работни текови.
No More Banding
Џеф Бродерик изгради едноставна акција, наречена No More Banding, која можете бесплатно да ја превземете, а која е многу вредна за дигиталниот дизајн.
Прелевањата во Photoshop може да имаат ленти со бои, места каде бојата која се прелева полека се префрла од една во друга со очигледно видливи граници. Оваа акција ќе го исчисти ефектот на ленти со еден проблем: многу ја зголемува и големината на датотеката. Може нема да ви е корисна на сите проекти, но добро е да ја имате на ум.
ScreenShot Photoshop
Еве интересен ефект креиран од албанскиот дизајнер, Васјен Катро. Со неговата акција, под име ScreenShot Photoshop може да земете рамен модел и автоматски да нанесете искосување,поместување, со дадено осветлување. Ова креира ефект на екран кој е накосен на страна и наликува на фотографија од монитор.
Совршено е за слики со поместена перспектива, за приказ на интерфејс на интересен и уникатен начин. Иако оваа акција можеби ова нема да ви помогне подобро да дизајнирате, таа сепак може да ја подобри вашата презентација.
PSD TO PNG Automator
Експортирањето на дизајн бара време, но може да се поедностави со PSD to PNG експорт на Лиј де Силва. Тој конвертира PSD датотека во PNG од панелот со акции на Photoshop. Од она што го знам, оваа можност функционира за сите верзии на Photoshop од CS до CC.
Browser UI
Дали некогаш сте посакале да видите како вашиот модел изгледа во прозорецот на прелистувачот? Благодарение на Browser UI action го добивате токму тоа со само едно кликнување на копче.
Оваа одредена опција има премиум верзија, но и бесплатната верзија вклучува доволно опции. Секој прозорец на прелистувач визуелно обработува во OS X стил, но прозорецот може да се растегне за да одговара на канвасот кој ви е вам потребен.
Retinize It
Retinize It е бесплатна Photoshop акција за креирање на ретина копии на икони и елементи на интерфејс. Само селектирате слој (или група со слоеви) и ја извршувате акцијата. Графиките може да се именуваат и експортираат со стандардни @2x и @3xбарања за големина.
Мала забелешка: Ова не функционира добро на растер графика. Обидете се да употребите форми или векторски елементи, или импортирани паметни објекти, за да ја задржите конзистентноста на квалитетот при зголемување.
Export To SVG
Експортирањето на слој е уште една мануелна задача која никој не сака да ја прави. Оваа акција за експортирање од PSD во SVG го работи здодевниот дел од експортирањето на вектори и графики за веб.
Оваа акција е изградена за Photoshop и Illustrator, но поддржува само верзии од CS5, па натаму.
Flat Browser UI
Еве уште една алатка за образци за на прелистувач, со рамен кориснички интерфејс. Ако сакате да одите со прелистувач во стилот на Mac обидете се со оваа PS акција за прелистувач.
Елементите на растеризираните документи работат најдобро, иако исто толку едноставно е и да ја израмните целата содржина на нов слој, и потоа да го употребите него.
Stereo Display
Секој кој има потреба од стерео приказ ќе биде воодушевен од оваа акција. Оваа бесплатна акција креира 3D ефект со сенки и закосени рабови, и сето тоа од влез на рамни елементи за кориснички интерфејс.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест