Кинеската компанија Xiaomi кон крајот на август го претстави првиот смартфон од новата Pocophone серија – Pocophone F1, а новиот модел веќе може да се купи и во Македонија.

Новиот предводник на Xiaomi, Pocophone F1 во Graphite Black варијанта (6 GB RAM / 64 GB) до 17. септември или додека има количини може да се набави по акциска цена од 22.000 денари, а може да се набави преку единствениот oвластен дистрибутер Хај Комуникации, како и онлајн на www.hi.mk. Потоа ќе важи регуларната цена од 23.490 денари.

Pocophone F1 „под хаубата“ има Qualcomm Snapdragon 845 процесор со брзина од 2.8 GHz, односно го поседува моментално најмоќниот процесор на пазарот. Што се однесува до графичкиот дел, за тоа е задолжен новиот Adreno 630, исто така на Qualcomm.

На предната страна го краси одличниот 6,18-инчен LCD екран со резолуција од 2246х1080, обложен со Corning Gorilla екран за поголема издржливост при евентуални падови.

Новиот телефон на Xiaomi може да се пофали со 4.000 mAh капацитет на батерија со можност за брзо полнење (Qualcomm Quick Charge 3.0) и Liquid Cool технологија која што го штити од прегревање.

Како и повеќето паметни телефони од сериите „Redmi“ и „Mi“, „Pocophone F1“ e oпремен со три камери: две задни и една предна. Предната инфрацрвена „селфи“ камера од 20MP ја одликува можноста за отклучување на уредот со препознавање на лицетот, како и можноста за препознавање на 10 различни сцени.

Задните „Dual Pixel“ 12MP + 5MP AI камери се збогатени со 1.4μm големи пиксели за светлина и квалитетни фотографии. Препознаваат дури 206 сцени во преку 25 категории, се прилагодува на временските услови, годишното доба и делот од дено, додека „AI“ сегментацијата може да го раздвои субјектот од снимање од позадина, постигнувајќи одличен „bokeh“ ефект. „Pocophone F1“ дури, при фотографирање, го предупредува корисникот, доколку треба да го исчисти објективот на камерата.

Првенецот од серијата „Pocophone“ на „Xiaomi“ во четири различни бои: „Graphite Black“, „Steel Blue“, „Rosso Red“ и „Armored Edition“, a ќе биде достапен во верзии од 6 или 8GB RAM и 64GB, 128GB и 256GB интерна меморија.

Набавете го Xiaomi Pocophone F1 по намалена акциска цена на следниот ЛИНК