Научниците тврдат дека го откриле најстариот познат цртеж на мал фрагмент од карпа во Јужноафриканската Република. Овој рудиментиран цртеж е стар 73 илјади години, а на него се гледаат вкрстени и попречни линии нацртани со помош на црвен пигмент.
Овој древен цртеж, кој многумина ги потсетува на денес популарниот хаштаг (#), научниците го откриле во пештерата Бломбос на јужниот брег од Јужноафриканската Република, пренесува Би-би-си.
Archaeologists have found the world's oldest known drawing in a South African cave https://t.co/75JGwu38I7 pic.twitter.com/izpP7uhRaB
— io9 (@io9) September 12, 2018
Цртежот е првокласен показател за модерното поимање на стварноста од страна на нашиот вид, велат научниците во натпис објавен во престижниот магазин „Натура“.
Иако други научници имаат најдено и постари траги оставени во боја на други места во светот, истражувањата покажаа дека ова е првиот апстрактен цртеж. Сепак, оригиналниот цртеж е, најверојатно, покомплексен, вели водечкиот истражувач, археологот Кристофер Хеншилвуд, за „Ројтерс“.
„Наглото прекинување на сите линии на работ од фрагментот укажува дека примерокот првично се протегал на поголема површина“, објаснува тој.